„Од денес достапни за граѓаните. Почнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила во македонското здравство“, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Како што беше најавено, премиерот денеска ќе присуствува на промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Од владината прес-служба информираат дека е предвидено премиерот да даде изјава за медиумите.
