Во септември 2023 година, Советот на општина Тетово изгласа изградба на нова зграда од приватна фирма на местото на поранешните киосци, каде што порано беше Општинскиот инспекторат, а оваа компанија во замена да добие градежно земјиште во вредност од 800 илјади евра или земјиште со површина од 3861 квадратни метри на влезот во градот. Но, и по година и пол, ова место сега служи само како паркинг. Советникот од ДУИ, Сали Елмази, вели дека тогаш предупредиле дека општината нема намера да реагира за изградбата на објектот, туку градежното земјиште да им го отстапи на фирми блиски до градоначалникот.
„Во овој случај не се спротивставивме на потребата од изградба на новиот објект, туку на начинот на кој се менаџира, бидејќи изградбата на овој објект повеќе наликува на продажба на имот на општина Тетово на приватна фирма, блиска до општинското раководство, по смешна цена, камуфлирана како изградба на објект за потребите на општинската администрација. Во моментов, ако се погледне општинската парцела каде што требаше да се гради овој објект, може да се забележат само неколку киосци уништени и отстранети од ова место, а во моментов нема ниту канцеларии, ниту почеток на работите за реализација на овој проект и покрај сите критики што ги имавме за овој проект“, вели Сали Елмази.
Градоначалникот на Тетово вели дека треба да се усвои од владата и се надева дека ова наскоро ќе се реализира.
„За изградба на тој објект од јавен интерес, општина Тетово ќе треба да размени земјиште, државен имот. Во моментов се водат процедури за обезбедување согласност за целата оваа постапка за јавно-приватно партнерство. Верувам дека наскоро ќе имаме одобрение од Владата и процедурите ќе продолжат“, вели Биљал Касами.
Општина Тетово има околу 550 вработени, додека општинската зграда ја користат други државни институции. Инаку, администрацијата на општина Тетово е поделена на неколку различни локации во Тетово.
