НЛБ Банка на дресовите на европскиот ракометен шампион РК Вардар 1961

НАШ ПРЕДЛОГ

Караташ од Измир за ТВ21: 15 секунди се тресеше сѐ, кај народот има паника и страв

Хјусеин Караташ кој живее во Измир, за ТВ21 раскажува за денешниот земојтрес во Турција.

Болницата 8-ми септември повторно станува ковид центар

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, во интервју за Канал 5 најави дека болницата 8-ми...

Трет силен земјтрес со жртви во Турција во 2020 година

Денешниот земјотрес кој се случи во близината на Измир, е третиот земјотрес кој се случува оваа година...


Една од нашите најголеми банки НЛБ Банка и двократниот, а воедно и актуелен шампион на Европа и повеќекратен освојувач на македонската ракометна Супер лига и на Mакедонскиот супер куп, „РК Вардар 1961“ склучија договор за спонзорство за тековната спортската сезона 2020/2021. Ова партнерство ќе го донесе логото на НЛБ Банка на дресовите на европскиот ракометен шампион кој и годинава ќе се бори на терените за да ја оправда европската титула.

„Кога два успешни титани ќе си подадат рака за соработка успесите се неизбежни. Ни причинува вистинско задоволство да го поддржиме тимот кој победува. Вардар е клуб со долга традиција и име со трофејна историја, а нашата Банка сериозен спонзор кој има за цел да биде поддршка и ветар во грб за постигнување на нови резултати на кои сите ќе бидеме горди. НЛБ Банка како општествено одговорна компaнија отсекогаш била тука не само како партнер во спортот туки и кај сите други значајни сегменти од општественото живеење. Ова спонзорство е уште едно продолжување на партнерството со црвено-црните кои од оваа година се со добро познатиот старо-нов сопственик г. Михајло Михајловски под новото име РК Вардар 1961. Длабоко и искрено веруваме дека ова пријателство ќе премине во традиција“, велат од Банката.

За време на заостанатиот четвртфинален натпревар против екипата на РК Нексе од Нашице, Хрватска од СЕХА Газпром лигата од претходната сезона, кој се одржа на 29.08.2020 година во СЦ Јане Сандански, на дресовите на ракометните шампиони можевме да го забележиме и новиот дрес на кој е истакнато логото на НЛБ Банка. И во услови на пандемија и отежнати и ограничени протоколи за игра насмевката и ентузијазмот кај екипата беше забележителна.

РК Вардар 1961 за периодот кој следи се подготвуваат за завршниот турнир во СЕХА Газпром лигата кој ќе се одржи во Задар, Хрватска од 4 до 6 септември, 2020 година и за почеток на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите. Им посакуваме многу среќа и успех!

„Алкалоид“ со инвестиции од над 1,1 милијарди денари и со 175 нови вработувања во периодот јануари-септември годинава

„Алкалоид“ со 175 нови вработувања, со двојно зголемени инвестиции во износ од над 1,1 милијарди денари и со раст на консолидираните продажби...

Францускиот сенат гласаше за продолжување на здравствената вонредна состојба до 31 јануари, а не до 16 февруари како што бараше владата

Сенатот- горниот дом на францускиот парламент, во кој доминира десничарската опозиција, при првото разгледување на законот гласаше за продолжување на здравствената вонредна...

Синот на Амди Бајрам негативен на коронавирус

Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам на својот Фејсбук профил во текот на вчерашниот ден го објави својот наод од тестот за...

ВО ЖИВО: Шекеринска, Османи и Филипче за помошта од НАТО за справување со Ковид-19

Изјави на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче по пристигнувањето на 60 респиратори,...

Во гостиварско за еден месец откриени 18 возила за јавен превоз без лиценца и три автобуси со повеќе патници од дозволеното

Во рамки на едномесечните засилени контроли во гостиварскиот јавен превоз, вчера биле откриени уште седум возила главно комбиња, чии сопственици не поседувале...