Западниот дел на Турција, во близина на Измир, се случи нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил со епицентар 89 километри североисточно од Измир, и на 7 километри од градот Ахисар на длабочина од 7 километри.
Ова е уште еден од серијата на земјотреси кои во изминатите два месеци ја погодија оваа земја. На 23. јануари силниот земјотрес во Елазиг однесе 41 човечки живот, а над 1600 беа повредени.
