Објавувањето на номинациите за Оскарите е одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес, јавува Би-Би-Си.
Наместо на 17 јануари, објавувањето на номинациите ќе се одржи на 19 јануари. Во оваа прилика, Бил Крамер, главен извршен директор на Академијата за филмски уметности и науки, испрати писмо до сите членови на Академијата, пренесува Index.hr.
„Почитувани членови на Академијата, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до погодените од разорните шумски пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес, а ние мислиме на вас“, напиша Крамер.
„Гласањето за номинации за 97-то доделување на Оскарите започна утринава во 9 часот по локално време. Ќе го продолжиме периодот на гласање за два дена за да им дадеме на членовите повеќе време да гласаат. Гласањето ќе заврши во вторник, 14 јануари. Како таква, нашата објава за номинациите за Оскар ќе биде поместена од петок на 19 јануари“, објасни тој и додаде дека наскоро ќе објави дополнителни информации.
Многумина останаа без своите домови
Пожарот остави многу познати личности без покрив над главата, меѓу кои Парис Хилтон и Лејтон Мистер.
Шумски пожари го зафатија Лос Анџелес, при што загинаа најмалку пет лица, беа уништени стотици домови и исцедени ресурсите за гаснење пожари и резервите на вода, додека на повеќе од 100.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат. Почна да гори и во Холивуд Хилс.
„Бројот на загинати од шумските пожари што беснеат околу Лос Анџелес се искачи на најмалку пет и може да биде поголем“, изјави шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, за KNX News Radio.
