Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерки, кој е прогласен за непожелен од САД, продолжува да оди на работа.
Камерата на ТВ21 денеска го сними како разговара со некого на балконот на општината, каде меѓу другите е поставено и знамето на САД.
Иако оди на работа, Мерко не сакаше да зборува за медиумите.
Од неговиот кабинет нервозно ни рекоа дека е зафатен и не може да се произнесе.
„Се наоѓаме пред општина Струга, веќе неколку дена се обидуваме да добиеме став од градоначалникот на оваа општина, г. Рамиз Мерки, кој се наоѓа во Црната листа на САД, но е недостапен за медиумите. Во текот на денот од општинските служби ни рекоа дека е зафатен и не може да даде изјава, а ќе ни се јави доколку се случи нешто, но истакнаа дека од неговата партија веќе излегоа со став што се однесува до настанатата состојба.“, јавува репортерката на ТВ21, Салије Садику.
ДУИ го замрзна членството на Мерко во раководството на партијата, но тој продолжува да биде на чело на општината. Токму ваквите чекори на ДУИ ги критикуваше Алијанса за Албанците, која во Струга е опозиција.
„Не се обидувајте да ја фрлите сомнежи, пепел и магла врз фактите и заклучоците на Стејт департментот, бидејќи Стејт департментот не донел одлука за сеопфатна истрага, или замрзнување на членството во Раководството и Генералниот совет на партијата како да е во прашање некаков статут на партијата, туку Стејт департментот донел одлука за прогласување на перосна нон грата за градоначалникот на општината, при што за 24 часа излегоа со низа изјави.“, вели Лулзим Насуфи, претседател на Алијанса за Албанците – огранок Струга.
Алтернатива го нарекува ново лицемерие замрзнувањето на членството на Мерко во ДУИ.
„Да им го оставиш в рака овој случај на таканаречените институции и никој да не сноси политичка одговорност, тоа е врвот. Доколку ние би имале достоинствени институции, кои делуваат, немаше да има потреба САД на направи листа на корумпирани политичари.“, рече Абдилшиќири Абедини од Алтернатива.
Од Движење Беса, бараат оставка од Мерко и да се објават избори.
„Граѓаните на Струга не заслужуваат ваков срам и треба да понесе одговорност пред органите на правдата за неговите дела. Амбасадорката на Америка во домашните телевизии даде една порака: Америка нема да предлага што треба да направи државата со лицата кои се дел од Црната листа, бидејќи земјава има свој суверенитет затоа ние бараме лицето нон грата Мерко и партијата нон грата ДУИ да се откажат од институциите и да објават избори.“, вели Анди Зиба од Движење Беса – Струга.
Од ВМРО-ДПМНЕ во Струга велат дека властите кои се правно надлежни за да ја истражат работата на Мерко се заробени од извршната власт и директно соработуваат со него.
