Нормала или слабеење на вирусот? – „Хронично болните не одеа на работа, одморот не им се прекина“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кои од хронично болните ќе се вратат на работа зависи од специјалистите кои ја следат здравствената состојба на болните а Комисијата за заразни болести не одлучува за тоа. Доколку пациентот има проблеми со белите дробови, дали треба да се врати на работа или не ќе одлучи пулмологот а не Комисијата за заразни болести.

Комисијата предложила враќање на работа на овие лица поради недостатокот на кадар. Само во градинките, како што објавува директорот на  ИЈЗ во Скопје, Александар Стојанов, недостигаат 263 лица. Но има и други причини.

Враќањето на работа на хронично болните, отворањето на школите и градинките, дали значи отворање на државата кон Ковид-19, дека се враќаме во нормала или значи дека вирусот слабее? Стојанов со одговор.

Тој вели дека разликата во однос на изминатиот период е дека сега повеќе заболуваат младите, бидејќи се поактивни. Вели дека се оди кон подобро, ,но не така како што би сакале. Зошто немаше зголемување на случаите иако луѓето не ги прекинаа одморите, Стојанов вели дека причината е тоа што луѓето биле надвор од Скопје.

Не кажува со сигурност дали ќе има втор бран на есен, бидејќи, како што вели тоа зависи колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките. Затоа препорачува луѓето да носат маска, да држат дистанца и да ги дезинфицираат рацете често поради тоа што доаѓа сезона на грипот.