Нормализирана ситуацијата во Нагорно Карабах по кршење на примирјето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руските мировници го прекинаа прекршувањето на примирјето во Нагорно Карабах и засега ситуацијата е нормализирана, изјави Рустам Мурадов, командандант на рускиот мировен контигент во Нагорно Карабах.

„Кршење на прекинот на огнот е пријавено на 11 декември во близината на областа Гадрутски. Го прекина рускиот мировен контигент“, рече Мурадов.

Според него, руските мировници цело време ја следата ситуацијата и одржуваат контакти со ерменската и азербејџанската страна.

Во сабота руското министерство за одбрана пријави прво кршење на огнот во Нагорно Карабах.

Баку и Ереван се обвинуваа едни со други за оваа провокација. Според дневниот билтен, примирјето се почитува низ целата контактна линија.