Норвешката полиција заплени брод со руски екипаж поради оштетувања на оптички кабел во Балтичкото море

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Норвешката полиција денеска соопшти дека запленила норвешки брод со руски екипаж под сомнение дека е вмешан во оштетување на кабел со оптички влакна во Балтичкото Море.

Според полицијата, заплената била извршена на барање на летонските власти, пренесува Ројтерс.

„Бродот е осомничен дека е вмешан во сериозно оштетување на кабел со оптички влакна во Балтичкото Море меѓу Летонија и Шведска“, се вели во соопштението на полицијата.