Нов инцидент во Србија: Пукање во Младеновац, ранети најмалку седум лица, се стравува дека има и жртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пукање кое се случило во Младеновац, дури седум лица биле ранети, пренесуваат српските медиуми.

„Информер“ пренесува дека е можно да има и жртви, а полицијата и возила на Итна помош веднаш пристигнале на местото на настанот.

Неофицијално, пукано е од автоматска пушка од возило во движење. „Новости“ пренесува дека има рането и полицаец.

Овој инцидент доаѓа само еден ден после трагедијата во центарот на Белград кога момче влезе во основното училиште Владислав Рибникар и уби осум ученици и домарот во училиштето.