Нов инцидент во Црна Гора: Избодени двајца мажи во кафана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица од црногорскиот град Бар, се ранети со нож во тепачка што се случила рано утрово во кафана, неофицијално пренесува „Вијести“ потпирајќи се на информации од Полициската управа.

Според истите информации, двајцата се пренесени болницата во Бар за укажување лекарска помош.

Од полициската управа велат дека работат на расветлување на настанот и тврдат дека го знаат идентитетот на сторителите.

Очигледно станува збор за странски државјани.

Да потсетиме, пред два дена во Црна Гора, во Цетиње, се случи масакр, кога беа убиени 12 лица.