Ова е местото од каде тргнал 21 годишниот масовен убиец. Тој синоќа уби осум, а рани 14 лица, а попладнево е уапсен во околината на Крагуевац. Напаѓачот од автоматско оружје пукал кон жителите на неколку села во општина Младеновац. Уапсен е и дедото на осомничениот со кој се криел. Позади мене убиен е млад полицаец и неговата сестра, а на излезот од истото село уште 5 души, продолжувајќи кон останатите села. Еве што вели еден од жителите со кој разговаравме.
„Децата дојдоа тука за да прослават новороденче на другар. Тука децата се собираат на игралиштето, кај споменикот и синоќа дошле да прслават. Биле околу 15. Во еден момент, мојот внук му се јавил на мојот син и му кажал, тато дојди јас умирам. Може да замислите…Има 50 метри од едната до другата куќа…Дојди овде е масакр. Кога дојдов, ниту еден немаше на нозе, сите лежеа по земја. Еве четворица загинаа на лице место, колку толно се повредени не знам“, вели Добрица Илиќ.
Србија потона во тага од средата кога во училиште малолетник уби 8 ученици и 1 маж кој работел како обезбедување. Од денеска следните три дена се денови на жалост.
Министерството за здравство апелираше до граѓаните дека се потребни крводарители за ранетите во престрелката што се случи синоќа во Младеновац. Како што наведуваат од Министерството, потребна е крв од сите крвни групи. Јовица Пауноски, ТВ21, Дубона, Србија.
