Во Грција денеска е регистрирано ново зголемување на заразени со Ковид-19 и нов негативен рекорд на дневно ниво од почетокот на пандемијата со 28.828 позитивно случаи, од кои над 12.500 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Новите случаи се од 398.632 тестови, наспротив вчерашните 21.657 случаи од 556.060 тестирања.
Во изминатите 24 часа починаа 72 лица, а 620 пациенти (15 помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 529, односно 85.32 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.
Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1.134.713 случаи на Ковид-19, а починаа 20.636 лица.
