Нов пакет рестриктивни мерки, полициски час од 20 до 05 – „Овие две недели бидете дома“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот сој на коронавирус се шири неконтролирано, па Владата донесе нов пакет рестриктивни мерки.

„Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија во временски период од 20 часот до 05 часот наредниот ден, почнувајќи од 6-ти април 2021 година“, истакна Зоран Заев.

Целосно се затвораат и угостителските објекти, дозволена е продажба на храна преку алтернативни начини онлајн или телефонски нарачки со достава.

Стапува на сила и забрана за работа и на фитнес клубови, обложувалници како и забрана за одржување конференции и обуки.

Лицата кои имаат домашно милениче куче може да го изнесат од 22 до 23 часот до 100 метри од местото на живеење.

„Немаме дополнителни мерки за затварање на граничните премини заради тоа што увидено е дека заразата се шири дома и буквално сите земји се со одредени ограничувања, посебно со затворањето на угостителските објекти нема ниту смисла за дополнително затворање на границите“, посочи Зоран Заев.

Од кризниот штаб апелираат, во следните две недели да се остане дома и да се почитуваат веќе добро познатите мерки. Дистанца, носење маска и миење на раце.