Нов рекорд на биткоинот – вредноста „скокна“ над 59.000 долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најпознатата криптовалува на светот достигна нов рекорд.

Биткоинот достигна вредност од 59.000 долари, пренесува Телетрејдер.

Компанијата MicroStrategy Inc вчера објави дека купила 262 биткоини по цена од 15 милиони долари, проширувајќи ја својата мрежа за биткоини на 91.326.

Биткоинот забележува раст од 1,5 проценти во изминатите 24 часа, а според источно-американското време, во 17:17 часот, достигна цена од 59.200 долари.

Во текот на изминатата година, биткоинот се зголеми за 948,378 проценти, и 471,78 проценти за последните шест месеци.

Според најновите податоци, сегашната вредност изнесува 59.237 долари.