Нов силен земјотрес ја погоди Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Турција, во близината на Измир.

Земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, на епицентар 97 километри североисточно од градот Измир, на длабочина од 7 километри.

На 24. јануари земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер го погоди дело околу Елазиг, при што загинаа 41 лице, а преку 1,600 беа повредени.