Петриња и неговата околина беа потресени од уште еден земјотрес рано утрово околу 6:15 часот. ЕМСЦ пишува дека бил 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Според првичните информации, епицентарот е кај местото Лекеник.
Следуваше уште посилен земјотрес што се почувствува дури и во Межимурје, а потоа и помал интензитет.
Недостапни се сервисите на ЕМСЦ.
Вчера во Хрватска беше регистриран разорен земјотрес од 6,4 степени по рихтер кој однесе и седум жртви.
