Нов силен земјотрес во Црна Гора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нов силен земјотрес со јачина од 4,7 степени се случи денеска со епицентар во Црна Гора. После синоќешниот со јачина од 4,3 степени, во 12:40 часот по локално време се случи нов земјотрес во близината на Никшиќ.

Земјотресот бил почувствуван и во југозападниот дел на Хрватска во околината на Дубровник, како и во јужниот дел на БИХ.

Веднаш потоа ЕМСЦ објави дека земјотрес имало и во БИХ.