Нов свој закон воведе МОН за медиумите, не им дозволија на новинарите да снимаат во училниците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за образование, Јетон Шаќири и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, беа во О.У. „Конгреси и Манастирит“ за почетокот на второто полугодие. Но обезбедување на Министерот за образование, „воведе“ свој закон во училиштето со тоа што го спречи тимот на ТВ21 да снима во одделенијата каде се одвиваше наставата.

Директорот на училиштето и градоначалникот ни рекоа дека можеме да влеземе во училниците, но без камера со цел да се зачува приватноста на учениците.

Кога треба да се снима некоја промоција нема никаков проблем во снимањето на училниците каде се одвива наставниот процес. Зарем пред една година немаше приватност на учениците!? Во времето кога беа промовирани заштитните паравани од Ковид-19, медиумите не беа спречени да ги снимаат училниците.

Инаку, на министерот за образование во текот на кампањата не му претставуваше проблем да објави слики од ученици од едно училиште на неговиот фејсбук профил.