Нов зелен парк во Кисела Вода на површина од 16.000 квадратни метри – над 200 новозасадени висококвалитетени дрвја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави фотографии од новиот зелен парк во Кисела Вода кој се наоѓа на површина од 16.000 квадратни метри, со над 200 новозасадени висококвалитетени дрвја

„Една од поубавите работи е кога ќе ги видите резултатите на вашите заложби и трудот вложен во трансформирање на Скопје во град што сите Скопјани го заслужуваат. До неодамна, на ова место во Кисела Вода се наоѓаше дива депонија која помеѓу другото претставуваше и ризик за хигиената, животната средина и здравјето на локалните жители. Денес, тука се наоѓа нов зелен парк на површина од 16.000 квадратни метри, со над 200 новозасадени висококвалитетени дрвја кои веќе полека ги шират своите крошни како природна сенка за скопјани во летото што доаѓа и совршено се вклопуваат во екосистемот на нашиот град“, додава Шилегов.