Земјотрес со јачина од 1.9 степени во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска од жителите во Скопје.

Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, е регистриран 5 декември 2020 година,  4 минути по полноќ, чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML1.9.

На социјалните мрежи се пишуваат статуси дека голем број го почувствувале земјотресот.

Неколку часа претходно, земјотрес беше регистриран со јачина од 2.1 степен.