Средба Шасивари – Кавахара: Потврдена определбата за унапредување на соработката и пријателството меѓу Македонија и ЈАпонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за правда, Јетон Шасивари, на средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара, ја потврдија заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави.

„Во текот на разговорите акцентот беше ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство“, соопштија од Министерството за правда.

Меѓу двете земји нема отворени прашања што претставува цврста основа за натамошно продлабочување на партнерството. Во наредниот период ќе се интензивира размената на искуства и добри практики, како и поддршката на реформските процеси насочени кон зајакнување на правната сигурност и унапредување на демократските стандарди, се вели во соопштението по средбата.