Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени кај Петриња: „Се тресеше целата куќа“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово во 10:54 часот земјотресот го потресе подрачјето на округот Сисак-Мославина. Според првите податоци на ЕМСЦ, според Рихтер, јачината на земјотресот била 4,6 степени .

Епицентарот бил на длабочина од пет километри, 20 километри од Петриња и 65 километри од Загреб. 

„Кратко, но ја потресе куќата“, „Се тресеше целата куќа“, „Силен удар“, се некои од коментарите на граѓаните кои го почувствуваа земјотресот.