Нова драма во Дарувар, маж им се заканувал на итната помош: „Ќе бидам како вчерашниот убиец, ќе ве исечам на 12 парчиња“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените во Итната помош во Дарувар дошле околу 14:30 часот да интервенираат откако биле повикани од алкохолизиран граѓанин кој рекол дека не се чувствува добро.

Како што пишуваат тамошните медиуми, мажот се јавил на итната помош кажал дека е пијан и дека не се чувствува добро.

Тој побарал да го однесат на лекување, а потоа наеднаш извадил нож и рекол дека ќе биде како (Крешимир) Пахоки, кој беше осомничен дека претходниот ден убил шест лица во Домот за стари и изнемоштени лица.

Потоа се заканил дека ќе ги исече на 12 парчиња.

Од ПУ Бјеловарско-Билогорска за Н1 изјавија дека добиле пријава и постапиле.

Полицијата уапси едно лице, а во тек е кривична истрага.