Нова експлозија во Иран – изгоре зграда во центарот на Техеран, има и повредени (видео)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку четири лица се повредени во експлозија која беше проследена со пожар во центарот на Техеран, што е последна во серијата напади во Иран во изминатата недела на чувствителни локации.

Според портпаролот на противпожарната служба Џалал Малеки, пожар ја зафатил четириспратната зграда во близина на техеранскиот универзитет, во кварт каде се сместени повеќе книжари и издавачки куќи.

Тој додава дека пожарникарите спациле 3 мажи и една жена, кои се пренесени во болница.

Причината за експлозијата се уште се истражува.

Неколку експлозии и пожари беа регистрирани во Иран во изминатиот месец, вклучително и во подземната нуклеарна централа Наранч, каде е предизвикана значителна штета.

Експлозија на клиника северно од Техеран на 19 јули во која загинаа 19 лица, додека пак властите соопштија дека причина за несреќата е истекување на гориво.