По известувањето на СЗО за мутација на вирусот Ковид-19 во Британија, Комисијата за заразни болести во земјава одржа состанок. Првата мерка што ја донесоа е забрана за летови од Британија. Шабан Мемети од Институтот за јавно здравје, за ТВ21 рече дека последните податоци што ги имаат е дека новата мутација се шири побрзо, а клиничката слика е иста.
„Имаме генетска мутација на Ковид-19 според првичните податоци, вирусот Ковид-19 ја има истата клиничка слика кај носителот, но за разлика од Ковид-19 ширењето е побрзо и понагласено. Се прошири најпрво во Англија, имаме случаи и во Италија како и други европски земји“, истакна Шабан Мамети.
И СЗО упати апел до земјите од ЕУ да ги засилат мерките. Освен во Британија, девет случаи од новиот вирус се пријавени и во Данска, еден во Холандија и еден во Австрија.
„Во Европа, пренесувањето на вирусот е интензивно и брзо, затоа државите треба да ги засилат двојно контролите со цел да се спречи ширењето“, велат од СЗО.
СЗО ги соопшти претходните знаци дека новата варијанта може да се шири полесно меѓу луѓето, но нема ниеден доказ за да се каже некоја разлика за интензитетот на болеста. Секако тоа се истражува.
Минатата недела Европа стана прв регион во светот со над 500 илјади смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата пред една година, со регистрирани над 1.6 милиони жртви ширум светот.
