Нова одлука: Нема да се врши контрола во домовите и да се казнува ако имате повеќе од 4 гости

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратениците од СДСМ и Министерот за здравство Венко Филипче се премислија и го повлекоа предлогот кој предвидуваше контрола во домовите на граѓаните и казни доколку има повеќе од четири гости.

Ова беше предвидено и се дискутираше на комисиската расправа по однос на измените на законот за заштита на населението од заразни болести.

Останува меракта за задолжителното носење на маска на отворено, а од неа поштедени се следните лица:

  • Лица кои активно спортуваат
  • Деца под 6 години
  • Доколку се возите сам во автомобил или со свето семејство
  • Деца со хронични болести или пречки во развој

Останува и одлуката за сите лица кои чекаат резултати од тестовите да останат во изолација.

Во однос на маските, казните и натаму остануваат исти, 20 евра за неносење на маска, а 50 евра за непочитување на изолацијата.

Вечерва се очекува да заврши расправата во Комисијата и измените да се најдат на пленарна седница.