Нова стратегија за „опоравувањето“ на туризмот – Аркан Керим: Од први мај ќе бидат тргнати мерките?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако убаво се изменаџира туризмот можеме да достигнеме една милијарда долари годишен инпакт во земјава, вели претседателот на туристичко-угостителската комора при ССМ Аркан Керим. Тој застанува на чело на оваа комора во период полн со предизвици и проблеми, но како што вели има стратегија, а ќе го искористи и неговото долгогодишно искуство во оваа област.

„Кога ја презедов комората јас кажав пред сите присутни дека ќе направиме пет подсектори во комората за полесно и подобро ја изменаџираме целата работа. Ќе имаме номинација за 5 подпретседатели. Ќе има посебен сектор за угостителство, посебен за туристички агенции, сектор за хотелиери, ќе има посебен сектор за транспортери за превоз на патници и најново нешто што ќе направиме сектор за обука на кадри. Сите тие сплотени ќе направиме една поубава компонента со тоа што ќе ги решаваме нашите проблеми во корелација со државата.“, изјави Керим.

На прашањето Дали ќе се залага за целосно да се тргне мерката за приложување сертификати во угостителските објекти, во консултација со угостителите одговара.

„Државата успешно го менаџира овој процес. Не избрзаа како во некој други држави, кај што ги укинаа веднаш мерките па рапидно скокнаа бројките. Кај нас бројките се одлични во сите земји сме на зелена листа можеме да патуваме и мислам дека со почетокот на пролетта сите овие работи ќе се изменаџираат на најубаво можно ниво. Мое мислење е дека од први мај ќе биде се тргнато“, вели Керим.

Керим вели дека за Анталија за претстојната туристичка сезона има секој ден три авиони исланирани, за Хургада четири авиони неделно. Според него како за време на пандемијата така и сега уште повеќе Македонците ќе патуваат, бидејќи на тоа глeдаат како „издувен вентил“ од гушењето на падемијата . Ќе има благо покачување на цените на аранжманите.