Нова Влада ВМРО-ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ?! – Таравари: И ВМРО ја сфати тежината на гласовите на Албанците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Постои можност ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И Движењето ЗНАМ да ја формираат следната Влада. Врз основа на бројот на освоени гласови на секоја од трите партии или коалиции, можат да формираат стабилно мнозинство до 75 пратеници. За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најпосакуван владин партнер е албанската опозиција ВРЕДИ. Поради оваа причина, Мицкоски на 24 април рече дека му се јавил на Арбен Таравари, посакувајќи му успешни парламентарни избори, со надеж дека заедно ќе ја состават идната Влада.

А понудата на Мицкоски за формирање Влада, за Таравари покажува дека ВМРО-ДПМНЕ ја сфатила тежината на гласовите на Албанците. Меѓутоа како што напиша Таравари на социјалната мрежа Фејсбук, нивниот фокус е да работат повеќе за изборите на 8 мај, за да добијат што повеќе мандати.

Предлогот на Мицкоски покажува дека ВМРО сфати каде стои тежината на гласовите и пратениците Албанци. Сепак нашиот фокус како коалиција и партија, е да работиме за изборите на 8 мај, за што поголем број на мандати. По изборите ќе се водиме според националниот интерес на Албанците, од итната потреба за прочистување на владата од корупција и нашата про западна ориентација“, вели Арбен Таравари..

Го прашавме и лидерот на Движење БЕСА, Билаљ Касами, дали коалицијата ВРЕДИ ќе биде дел од Влада без уставни измени, за кои ВМРО-ДПМНЕ одбива да гласа, а на иста линија според реториката е и ЗНАМ.

Кажавме дека таа Влада во која ќе биде коалицијата ВРЕДИ, секако дека ќе биде ВЛАДА која ќе гарантира интеграција на земјата во ЕУ и секако и порано сме кажале дека во една таква Влада ќе биде многу лесно, било и ВМРО да е во Влада или некоја друга партија, да се спроведат уставните измени“, вели Биљал Касами.

Во игра за формирање на влада е и партијата на Максим Димитриевски, од Движењето ЗНАМ. Зборувајќи за условите за коалиционирање, Димитриевски извести без разлика кој ќе го има мандатот за состав на нова влада, ќе им се достави писмо со црвените национални линии.

Инаку според резултатите од претседателските избори, доколку истите се претворат во мандати за парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ би добила 53 мандати, коалицијата ВРЕДИ 12 и Движењето Знам 10. Со овие бројки, ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да формира стабилно мнозинство од вкупно 75 пратеника. Потсетуваме дека за коалицијата ВРЕДИ, главен услов се уставните измени, нешто за кое јавно се произнесени против од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.