Почнувајќи од утре, Северна Македонија во наредните 14 дена ќе биде во вонредна состојба. Претседателот Стево Пендаровски го усвои предлогот на Владата и рече дека вонредната состојба не е продолжена поради тоа што партиите сѐ уште немаат договорено датум за избори.
Сепак, Пендаровски побара од партиските лидери да бидат одговорни и да се договорат за изборниот датум, додавајќи дека државата не може засекогаш да биде во вонредна состојба, туку треба да има политички институции.
На ваков став е и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој побара наредните две недели лидерите да ги искористат за да се договорат за датум, оти во спротивно институциите како што се Собранието, Владата и шефот на државата, ќе преземат одговорност за да го спроведат изборниот процес.
И техничкиот премиер рече дека ако партиите не постигнат договор, тогаш одговорноста ќе ја преземат институциите.
Покрај собранискиот спикер и техничкиот премиер, на седницата на Советот за безбедност присуствуваше и министерката за одбрана, министерот за внатрешни работи, шефот на дипломатијата, професори, членови на Советот, како и министерот за здравство поканет од Претседателот Пендаровски.
