Нови 37 тестови на доктори од „Систина“ – една медицинска сестра заразена од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите два дена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се направени вкупно 37 PCR тестови на вработени лица – медицински персонал во клиниката кои што според протоколите на светската здравствена организација биле во контакт а тоа се 28 доктори и 9 вработени од средно медицинскиот персонал. Сите тестирани имале контакт со двајцата доктори вработени во нашата клиника, од кои една е докторка во хистопатолошка лабораторија,а за кои пред два дена известивме дека се позитивни на коронавирусот. Од сите тестирани доктори и сестри, само една медицинска сестра, која работи како лаборант во лабораторијата е позитивна и според нејзиниот работен ангажман немала контакт со пациенти.

Тестирањата како и претходно се изведуваат во посебни безбедносни протоколи, а вработените во болницата во секое време ги почитуваат мерките за заштита.

КБ „Аџибадем Систина“ продолжува да работи со полн капацитет според сите безбедносни протоколи кои ги налага Светската здравствена организација и здравствениот гигант „Аџибадем“ од Турција, за заштита на своите вработени и на своите пациенти.