Четири лица на возраст на 63, 68, 73 и 74 години починаа како последица од коронавирус во изминатите 24 часа во Тетово.
Во моментов вкупно хоспитализирани се 106 пациенти, од кои 104 се на кислородна поддршка.
Бројот на прегледи во амбулантскиот дел изнесувал 149.
Според евиденцијата на Институтот за јавно здравје, заклучно со 2. септември во тетовскиот регион во текот на пандемијата 441 лице починало од ковид-19.
