Нови детали за пожарот во Чаир: Еден пожарникар однесен на токсикологија, гореле магацин и дуќани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од ЦУК известија за пожарот во зграда во скопски Чаир утрово.

„Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад (Општина Чаир). Во тек интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани. БППЗ на Град Скопје се уште интервенира ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци“, велат од ЦУК.