Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, Драган Николиќ, вели дека состојбата на три лица повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад е сериозна и дека двајца се свесни.
Една пациентка е сè уште приклучена на механичка вентилација.
Николиќ за новосадската телевизија изјави дека треба да се внимава со прогнозите за нивната општа здравствена состојба.
„Се уште се во животна опасност, се очекуваат периоди со секундарни компликации од овие повреди“, изјави Николиќ.
Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а три лица беа тешко повредени.