Нови европски предизвици – Шкупи против Шамрок Роверс, Шкендија против Аик Стокхолм

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонските претставници на европската фудбалска сцена Шкупи и Шкендија вечерва со нови предизвици.

Шампионот Шкупи гостува на Шамрок Роверс во Даблин, Ирска во рамките на првиот меч од квалификациите во Лига Европа откако се елиминирани од Динамо Загреб.

Доколку во двомечот победи Шкупи ќе игра со победникот од дуелот Фенербахче-Словачко. Мечот Шамрок-Шкупи се игра со почеток во 21:00 часот.

Шкендија во Конференциската лига на Европа му гостува на АИК Стокхолм. Ова исто така е прв меч во третото квалификациско коло. Овој меч се игра со почеток во 19:00 часот.