Нови, но комбинирани мерки ќе се воведат од 1 мај на целата територија на државата. Тоа подразбира дека ќе се зголеми времето за движење на граѓаните и ќе се зголеми личната заштита. Предлогот, кој се уште не е усвоен на владина седница е полицискиот час наместо во 16 да почнува во 19 часот.
„Во централниот кризен штаб се дискутираше во врска со барањето полицискиот час од ова недела да почне во 19 часот.“, рече Бујар Османи.
Полицискиот час би требало да важи за секој работен ден. Во текот на викендите, ќе планирано е да почнува во сабота во 13 часот и да трае до понеделник 05 часот наутро. Повеќе време за движење ќе има и за младите и за повозрасните лица.
Причина за предлагање на комбинирани мерки се статистиките и негативниот ефект врз психосоцијалната состојба на граѓаните.
„Имајќи ги предвид статистичките податоци кои се однесуваат на лицата кај кои е утврдено присуство на корона вирусот кои имаат надолна тенденција и фактот дека зад нас е ограничување на движење кое траеше цели 85 часа и кое покрај превентивна здравствена улога, имаше негативно влијание на психосоцијалната состојба кај граѓаните ја информирам јавноста дека утрово на седницата на кризниот штаб во рамките на владата предложив итно и неодложно намалување на времетраењето на ограничувањето на движењето за граѓаните”, е ставот на министерот Чулев.
Мерките ќе бидат во сила додека властите не се сигурни дека ситуацијата е под контрола и дека поминал пикот на Ковид-19. Пикот се очекува да се случи кон крајот на април и почетокот на мај.
