Нови Сад ќе ги сноси трошоците за погребот на загинатите на железничката станица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, вечерва изјави дека до сега 13 лица загинале при уривање на настрешницата на железничката станица и најави дека градот ќе ги сноси трошоците за погребот на жртвите и на тој начин ќе се обиде да им помогне на семејствата колку што е можно.

„Како град ги ставивме сите наши ресурси за спас“, изјави градоначалникот за Пинк и додаде дека се надева дека нема да има повеќе жртви под урнатините.

Тој потсети и дека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост.

„Што да правиме, ова е невидена трагедија што го снајде Нови Сад“, рече Ѓуриќ.

И ги потврди претходните информации дека за разлика од станицата, настрешницата што паднала не била реконструирана.

„Како некој да притиснал копче, настрешницата паднала врз луѓето“, изјави градоначалникот на Нови Сад.