На Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во се воведени нови и современи методи за третман на проблеми со каналите што ја носат жолчката до цревата, каде може да се појават стеснувања или камења. Ендосонографијата и системот SpyGlass холангиоскопија овозможуваат лекарите рано да ги откријат проблемите. Исто така, овозможено е земање биопсии и отстранување на камења без потреба од отворена хирургија, што го прави третманот побрз и побезбеден.
„Втората метода е SpyGlass холангиоскопија – факт е дека клиниката веќе две години применува перорална холангиоскопија, но оваа метода има бројни предности, особено во детекцијата и правилната дијагноза на пациентите кои имаат стенози, односно стеснување на жолчните канали, за кои знаеме дека постои висок ризик голем дел да бидат малигни. Практиката покажа дека 20 – 25% од случаите се неодредени и ваквите пациенти можат да ни ’избегаат‘, односно да не бидат навреме упатени на хирургија“, вели доктор Владимир Андреевски.
За да започне примената на овие две методи, директорката на клиниката, професорката Трјаковска, истакна дека им била потребна помош.
За разлика од класичните техники кои нудат само индиректна слика, SpyGlass овозможува директно набљудување на билијарните канали и идентификација на причината за проблемот, вели Караѓозов.
„Што се однесува до другата рутина, таа е стандард во повеќето земји за точна дијагноза на болестите на интрахепаталните билијарни канали. Класичната опција е да се работи само со индиректна контрола, но со оваа техника добиваме директна слика. Тоа значи дека веднаш знаеме што се случува во жолчните канали и што го предизвикува проблемот, за да понудиме најдобар третман – било минимално инвазивен или хируршки. Имаме можност да земеме биопсија, да ги раздробиме камењата кои претходно беа предмет на хирургија и слично“, вели доктор Петко Карагјозов, Аџибадем Токуда, Софија.
На настанот присуствуваше и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Клековски, институција која ги поддржа овие методи. Тој изјави дека интервенциите се помалку инвазивни и бараат пократок престој во болница.
