Во неколку средни училишта во Скопје денеска повторно имаше закани за поставени бомби. Полицијата потврди дека заканите биле пријавени околу 14 часот.
„Аларм за бомба во неколку средни училишта во Скопје, каде од МВР испратија мејл до медиумите. Сега сме на местото на настанот во училиштето Орце Николов. Како што можете да видите, полицијата не ни дозволува да се приближиме поради безбедносни причини. Потсетуваме дека и вчера се случи истото а од контролите на МВР направени во овие училишта, излезе дека алармот бил лажен“, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека за истрагите за вчерашните дојави за бомби продолжуваат и дека се објавени првичните податоци од каде се испратени тие мејлови. Тој вчера за ТВ21 рече дека има сомнежи дека станува збор за кибернетички напади или политички игри.
Инаку и денеска учениците од 9 училиште не следеа настава поради евакуација надвор од училишниот објект. Од МВР соопштуваат дека извршени се контроли во 3 училишта и дека тревогата била лажна.
