Новинар, фотограф и двајца полицајци повредени во Њујорк – 11 уапсени на протестот БЛМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новинар, фотограф и двајца полицајци се повредени во насилство кое што се случило синоќа за време на протестот на движењето „Black Lives Matter“ во Њујорк, додека пак 11 лица биле уапсени, пренесува „Њујорк пост“.

Весникот наведува дека синоќешниот протестен марш на Менхетн во Њујорк прераснал во насилство, а полицијата соопштува дека во таа прилика се повредени еден новинар и двајца полицајци кои се здобиле со потешки повреди.

Некои од уапсените се обвинети за напад на фотограф на Дејли Њуз за кои настанала грешна претпоставка дека е полицаец, откако еден од учесниците во маршот го препознал од претходниот протест на БЛМ. Десетина лица го опколиле фотографот, го туркале и го тепале, изјавија некои сведоци за весникот „Њујорк пост“.

Полицијата за „Њујорк пост“ потврдила дека еден член на медиумите бил нападнат и дека после тоа тие извршиле неколку апсења, како и дека фотографот, кој претрпел полесни повреди, одбил медицинска помош.