Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека испитувањата на мазутот увезен во земјава, завршиле. Како резултат на тоа, вратени се цистерни, а нерегуларности се евидентирани и во нашава земја. Но, дали има контрола и на мазутот уште пред да се објави истражувањето од ИРЛ.
„Имало контроли и пред објавувањето на истражувањето но не била употребена мобилната лабораторија, таа била употребена само во еден случај“, посочи Крешник Бектеши, министер за економија.
В.Д. директорот на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, открила дека до 14 часот биле проверени 3 бензински пумпи со цел да се испита квалитетот на бензинот и дизелот.
Контролата е во рамки на најавата на Министерството за економија, за мерење на квалитетот на нафтените деривати кои се увезени во земјава.
Министерот Бектеши рече дека до вторник ќе бидат комплетирани сите анализи од сите нафтени деривати.
