Мисијата на ОБСЕ и УНЦХР во Скопје организираа регионални работилници за имплементација на изменетиот закон за матична евиденција. Овој закон е одобрен на 21 јуни 2023 година, а им помага на сите лица кои не се запишани во регистарот, да го сторат истото со помош на државните институции, со цел сите да ги остварат своите права.
Министерот за правда Кренар Лога најави дека со овој закон се исполнети меѓународните обврски за матична евиденција, особено конвенцијата за намалување на бездржавјанството. Конвенцијата предвидува дека секое родено дете мора да биде регистрирано во рок од 45 дена.
„Со овој закон ги исполнуваме и меѓународно прифатените обврски за граѓанска евиденција и издавање документи регулирани со: – Конвенцијата за правата на децата, – Загрепската декларација за пристап до граѓанска документација и регистрација во Југоисточна Европа во 2011 г. и – Конвенцијата за намалување на бездржавјанството, усвоена од Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, ратификувана во 2019 година, на секое дете родено на територијата на Република Северна Македонија веднаш, а најдоцна во рок од 45 дена од денот на раѓањето на детето, без оглед на државјанството и личната состојба на неговите родители“, вели Кренар Лога.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, рече дека министерството максимално се залага сите непријавени лица да бидат запишани во посебна книшка на родените.
Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги поздрави сите овие достигнувања на Северна Македонија, нагласувајќи дека Македонија станува лидер во регионот и втора во светот што го решава проблемот со нерегистрираните лица. Како што соопшти министерката Тренчевска, од теренските анкети е констатирана бројка од 700 лица кои не се евидентирани во регистарот. Последниот случај со неидентификувано лице е со починатиот Мемет Камбер, чие семејство морало да чека над 20 дена за да го погреба.
