Новитет при закажување за склучување бракови, од јули електронско закажување термин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ако порано за да се закаже термин за венчавка странката требало да ги има јавните исправи: извод од матична книга на родени за свршеникот и свршеницата, лични карти важечки, да закаже термин и кога ќе дојде терминот со двајцата сведоци да се запишат во матичната книга на венчани по ново вака изгледа процедурата:


„Новоста е сега референт матичар се ангажира да ги извади јавните исправи за свршеникот и свршеницата, а тие само закажуваат термин ја вршат уплатата и ја земаат јавната исправа“, посочи Неат Елмази, раководител на Управа за водење матични книги.
Новитетот според раководителот на Управата за водење матични книги е со цел да се олесни процедурата во период кога има зголемен инетерес за венчавки особено со олабавување на мерките. Неделно има по 30 или месечно по 120 барања за венчавки. Но, во целиот процес на дигитализација разговаравме и со министерот за информатичко општество дали се размислува за електронско барање за термин за венчавка? Ни одговори дека во текот на јули идните сопружници ќе можат да закажуваат елкетронски тремин за склучување брак.


„Како влада сме подготвени целосно да го спроведеме процесот на дигитализација. Што значи да им овозможиме на институциите да се приклучат во интероперативност, да разменуваат електронски податоци, неколку законски измени што се неопходни да не направат во наредниот период и тие ќе се реализираат, некои веќе се реализирани и електронскиот документ е исто толку важен како оној што може да земе со физичко присуство“, истакна Јетон Шаќири, министер за информатичко општество.


До крајот на месецов ќе бидат готови неколку електронски услуги во соработка со МВР, Министерството за правда, Министерството за економија и УЈП, како закажување на термин за липчна карта итн. кои во наредниот период ќе ги објават со ресорните министери како целосно готови дигитални услуги. До крајот на летото ќе бидат готови 136 дигитални услуги. Запишување во училиште и градинка се веќе завршени дигитални услуги.