Ново недоразбирање СДСМ-ДУИ: ДУИ против обложувалниците и казината, СДСМ анализира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На повидок е ново недоразбирање помеѓу ДУИ и СДСМ. Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, каде се дебатираше за предлог законот за игри на среќа си што се предвидува оддалечување на обложувалниците и казината на минимум 3 километри од градските подрачја и од училиштата.

Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими уште еднаш го пренесе ставот на ДУИ дека ќе инсистира како пратеничка група да го предложат и поминат Законот за игри на среќа со што ќе се стави крај на казината и обложувалниците во градовите.

Како што и лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера изјави дека заедно со невладините организации ќе се бори против коцкањето. СДСМ за сега се уште тактизира, прави анализа во однос на социјалниот аспект.