Ново поскапување на горивата од полноќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,010%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 9,189% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,604% поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,2765% %

Од 8.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 89,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 88,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 42,168 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,938 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 14.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.