Судот во Тетово испратил покана за сведочење до еден од жртвите во пожарот во модуларната болница. Ова се дозна денеска кога на продолжението на судското рочиште, еден роднина дојде во салата и го критикуваше судот за тоа како е можно жртва да добие покана за сведочење. “Ова е несериозно од вас“ рече тој.
Судењето денеска продолжи со сослушување на доказите, а експертот по електроинженерство Ирфан Шаќири во својот говор по истрагата спроведена еден ден по пожарот, рече дека електричната инсталација во модуларната болница не е направена според правилата предвидени со закон. Инсталацијата, според него, треба да се постави според скиците изработени по европските стандарди а кои се доставуваат и до Комората на електричари. Додаде дека објектот на модуларната болница е монтиран така како што било побарано од Министерството за здравство, а нивна задача била само да се монтира објектот.Што се однесува до делот со електричната енергија, според експертот, нема никаков елаборат. Тој рече дека електричната инсталација е направена според шема која е за внатрешна употреба на болницата и не постои валиден документ.
„Чинот на приклучување на гореспоменатиот објект е направено од страна на двајца електричари, вработени во Клиничката болница во Тетово, значи немало електричар и намело ниеден документ или елаборат за овој случај. Работата не била под надзор од лиценциран електроинженер од Комората на електричари. Поставувањето на електричната енергија е направено без ниту еден документ и во врска со тоа какви кабли треба да се постават врз основа на правилата. Струјата е поставена врз основа на упатствата на еден повозрасен електричар, но немало ниту прирачник ниту шема затоа како треба да биде поставена струјата. Исто така и кабелот е поставен без предвидени стандарди“, вели Ирфан Шакири.
На денешното рочиште зборуваше и сведокот Олгица Делевска која рече дека во текот на критичната ноќ кога избувнал пожарот била присутна таму со својот сопруг.
„Слушнавме како луѓето викаат за помош, беа во паника, избувна пожар и почнавме секој на свој начин да се снајде и спаси. Се искршија прозорците и скокнав од прозорот и излегов надвор. Не забележав дали има ПП апарат“, додаде Олгица Делевска.
Одбраната на обвинетите, Фљорин Бесими, Артан Етеми, Бобан Вучевски и Тетовската болница како правно лице, почна со читање на доказите и потоа продолжи и со повикување на сведоците. Во текот на рочиштето, не беше прифатено барањето на одбраната да сведочи едно лице од крим техниката и форензичарите од Германија. Следното рочиште ќе се одржи на 21 март. Во пожарот кој ја зафати модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 животот го загубија 14 лица.
