Њу Делхи најзагаден град во светот, густата магла ги одложува летовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Швајцарската веб-страница IQAir денеска го рангираше Њу Делхи како најзагаден град во светот, со индекс на квалитетот на воздухот од 495, рангиран како „многу опасен“.

Густата магла и студеното време денеска го одложија поаѓањето на возовите и летовите во неколку делови на северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.

Индиската метеоролошка служба издаде портокалова тревога за Њу Делхи, второ највисоко ниво на тревога, предвидувајќи густа до многу густа магла во многу области, пренесува Ројтерс.