Њујорк им оддаде почит на жртвите од 11 Септември: 2.977 дронови ги „изградија“ кулите близнаци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со илјадници светлосни точки над реката Хадсон, Њујорк им оддаде почит на жртвите од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Во рамките на специјален светлосен перформанс, 2.977 дронови ги осветлија небото и симболично ги прикажаа кулите близнаци на Светскиот трговски центар.

Перформансот, насловен „2.977 светла над Хадсон“, е организиран во чест на сите 2.977 луѓе кои ги загубија животите во нападите на 11 септември.

Настанот се одржа со поддршка на преживеаните, семејствата на жртвите и припадниците на службите за итна помош.

Бројот на дронови е симболичен – секое светло претставува еден изгубен живот. Светлосната инсталација претставуваше дополнување на традиционалната њујоршка композиција „Почит во светлина“, која секоја година се поставува во знак на сеќавање на жртвите.

„Почит во светлина“ се состои од 88 вертикални рефлектори распоредени во две колони, кои ги симболизираат кулите на Светскиот трговски центар.

Во меѓувреме, кон крајот на август во Њујорк беше официјално идентификувана уште една жртва на нападите од 11 септември. Идентификацијата била направена со помош на методата на генетска генеалогија.

На 11 септември 2001 година во САД беа извршени серија терористички напади во кои загинаа 2.977 луѓе.

Четири патнички авиони бea киднапирани. Два од нив бea насочени кон кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, кои се урнаа по ударите. Третиот авион беше насочен кон зградата на Пентагон во близина на Вашингтон, додека четвртиот се урна во Пенсилванија, недалеку од Шенксвил.

Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација Ал Каеда.