Њујорк Никс шампиони на НБА, првпат по повеќе од 50 години
Њујорк никс доцна синоќа ја прославија својата прва титула во НБА по повеќе од половина век, откако со вкупни 4-1 во серијата ги совладаа Сан Антонио Спарс .
Њујорк ја прекина 53-годишната пауза без шампионска титула благодарение на постигнатите 45 поени на бекот Џејлен Брансон, победувајќи го тимот на француската ѕвезда Виктор Венбанјама со 94-90.
Тоа беше уште една победа по пресврт за Никси, кој успеаја да се вратат во игра иако во еден момент заостануваа зад „мамузите“ од Сан Антонио со двоцифрена разлика. Сите четири победи во финалната серија дојдоа по враќање од негатива.
„Не знам што чувствувам… Воодушевен сум. Не знам. Секогаш кога некој нè отпишуваше, наоѓавме начин да се вратиме и да направиме нешто“, изјави по натпреварот Брансон, кој постигна 15 поени во последната четвртина.
