Севернокорејските војници, кои се борат на страната на Русија, се повлекоа од фронтот во областа Курск, откако претрпеа големи загуби, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници.
Според изворите на весникот, севернокорејските војници во областа Курск не се забележани на фронтот околу две недели.
„Њујорк тајмс“ наведува дека повлекувањето може да биде привремено и дека севернокорејските војници ќе се вратат на фронтот по дополнителна обука или откако руските сили ќе решат да не ги распоредуваат војниците од Северна Кореја, за да избегнат големи загуби.
ФОТО: Архива
